Веќе знаеме дека во подготовка е полнач на Xiaomi од 120W, но изгледа тој би можел да се појави порано отколку што се очекуваше. Адаптерот сега е сертификуван, што укажува на тоа дека развојот на полначот е успешно завршен.
Кинеската 3C агенција го одобри Xiaomi 120W полнач, но освен сертификатот не се откриени други детали за претстојниот уред. Тука е само уште бројот на модел MDY-12-ED и максималната поддршка за 20V/6A.
Засега не е познато кој уред прв ќе добие поддршка за 120W технологија на полнење на Xiaomi. Тоа би можел да биде некој иден Mi Mix уред или некој од Mi Notebook лаптопите.