Facebook и Instagram се обидуваат да му се спротистават на TikTok со кратките видеа, па нема причина YouTube да не го направи истото.
Тие сега експериментираат со новата опција која овозможува креирање видеа во траење од 15 секунди. Засега, опцијата е само во фаза на тест, кој е наменет за некои корисници на iOS и Android
Идејата е снимање видеа во траење од 15 секунди и автоматско објавување од апликацијата, кои на крајот би се споиле во едно големо видео. Со оваа опција, YouTube сака да им олесни на сите свои корисници кои снимаат директно од мобилната апликација.
Доколку некој сака да ги сочува овие сегменти од 15 секунди и на крајот да ги објави како целокупна видео-снимка одеднаш, тоа ќе мора да го направи од галеријата од својот мобилниот телефон.
Извор: B92.net