Гласини од претходно укажуваа на тоа дека iPhone 12 Pro и Pro Max ќе имаат дисплеи со стапка на освежување од 120Hz. Меѓутоа, познатиот аналитичар на пазарот на дисплеи тврди дека тоа сепак нема да се случи.
Рос Јанг, основач и CEO на компанијата, Display Supply Chain Consultants наведува извори кои тврдат дека нема докази за тоа дека iPhone 12 Pro моделите ќе користат ProMotion 120Hz дисплеи. Наместо тоа, панелите со висока стапка на освежуавање, најверојатно ќе се појават на iPhone моделите од 2021. година.
None of our contacts could corroborate iPhone 12 Pro models as 120Hz. They told us 2021. So, they are off our latest 120Hz list.. pic.twitter.com/uTQ7uinMUQ
— Ross Young (@DSCCRoss) July 1, 2020
Тој на Twitter објави ажурирана листа на смартфони, за кои гласините сугерираат дека ќе имплементираат 120Hz екрани, а на која сега повеќе ги нема iPhone 12 Pro моделите.
Јанг уште во мај сугерираше дека Apple нема да користи ProMotion дисплеи пред да ја имплементира нископотрошувачката LTPO (low-temperature polycrystalline oxide) технологија, за да се помогне при заштеда на батеријата, а ова наводно ќе се случи во текот на 2021. година.