Откако со години објавуваше практично еден ист чип за паметните часовници, Qualcomm одлучи WearOS да го збогати со помодерен производ. Така настанаа Snapdragon Wear 4100 и Wear 4100+, кои се побрзи од претходникот и за чие производство е искористен вишокот на Snapdragon 429 чипови за телефони.
Во Wear 4100 чипот се наоѓа главен процесор, помошен процесор за Always-On-Display (овозможува ниска потрошувачка на енергија), а тука се и PMIC чип, радиофрквенциски чип во кој се сместени модем, GPS, како и Wi-Fi и Bluetooth, и RFEE. Основниот Wear 4100 од сето ова нема да има само помошен процесор за Always-On-Display, но судејќи според се е идентичен со Plus моделот.
Snapdragon Wear 4100+ е изработен во 12nm производен процес, што е голем напредок во однос на 28nm Cortex A7 и има четири јадра со такт 1,7GHz, Adreno 504 GPU, како и поддршка за 750MHz LPDDR3 RAM и eMMC 4.5 интерна меморија. Експертите истакнуваат дека од Snapdragon Wear 4100 и 4100+ не е отстранет ISP – чип за обработка на фотографии и видеа, што значи дека можеби не очекуваат WearOS часовници со камера.
Qualcomm веќе предолго ги запоставува паметните часовници, па за лошата состојба на Android паметните часовници воглавно се обвинува оваа компанија. Не се работи за тоа дека компанијата воопшто не произведува чипови за паметни часовници, туку дека на ова поле одамна се штеди, па практично истите производи се нудат веќе шест години. Како последица на тоа дојде и недостатокот на хардвер, па се поставува прашањето дали новиот чип ќе успее да ги врати паметните часовници на вистинскиот пат.
Поврзани артикли