Гласините за претстојниот OnePlus смартфон од средниот сегмент беа прилично контрадикторни, кога е во прашање чипсетот кој ќе го покренува уредот. Првите извештаи сугерираа дека OnePlus Nord ќе користи MediaTek Dimensity 1000 чип, а потоа се појавија информации за Snapdragon 765G чипот. Сега Qualcomm и OnePlus ја разрешија оваа дилема.
Во твит, кој во меѓувреме е отстранет, ЕУ дивизијата на Qualcomm истакна дека „се восхитени што можат да соработуваат со компанијата OnePlus во процесот на почнувања на нови потфати, со што се укажува на тоа дека следниот телефон на кинеската компанија ќе го користи 5G-компатибилниот Snapdragon чипсет.
Ова потоа дополнително го потврди Карл Пеи, соосновач на компанијата OnePlus, во интервју за TechRadar. Тој истакна дека OnePlus Nord ќе го имплементира Snapdragon 765G, што ќе го направи уредот подобен за 5G мрежи.
Поврзани артикли