Рускиот Арктик во јуни забележа рекордни температури што предизвика големи пожари во тундрата, изјави директорот на руската метеоролошка служба, поврзувајќи ги невообичаените аномалии со климатските промени.
„Имавме исклучително невообичаени временски услови во јуни и рекордите беа лесно урнати“, рече Роман Вилфанд на прес-конференција во Москва.
Тој посочи нов рекорд во арктичкиот град Верхојанск, кадешто се измерени 38 степени на 17 јуни.
„Тоа е неверојатно“, рече тој, прецизирајќи дека рекордна ниска температура од 67,8 степени под нулата е измерена во тој град кон крајот на 19 век.
Неколку региони во северна Русија, вклучително и области во Република Јакутија на брегот на Атланскиот океан, се соочуваат со топлотен бран во последните неколку недели. Селата во тундрата, областите покриени со трева и ниска вегетација карактеристична за Арктикот, се соочуваат со големи пожари.