Во изминатата година, Waze лансираше бројни корисни функции, но дизајнот е ист веќе некое време, поради што пристигнува освежување во облик на нов изглед, кој покрај естетските, ќе донесе и други промени.
Кон крајот на 2019. година Waze доби една интересна опција, па оттогаш се очекува Google Mapsда ја препознае нејзината корисност и да ја прилагоди на својата платформа. Имено, Waze апликацијата во тоа време почна да нуди информации за снежната покривка, и тоа во реално време, па возачите лесно можат да дознаат кои патишта се истчистени, а кои не. Опцијата е посебно корисна во непознатите области, а возачите кои ќе наидат на неисчистени делници, можат да ја проследат информацијата и така да им помогнат на останатите возачи кои ја користат истата апликација.
Новото дизајн освежување можеби не е корисно како претходно споменатата функција, но покрај новите бои и илустрации, ја донесува и Moods – функција која учесниците во сообраќајот, односно корисниците на Waze, ги упатува во чувствата на возачите кои ќе се најдат во близина. Не е до крај сигурно дека сите околни возачи ќе можат да го видат расположението на своите соседи, бидејќи има такви кои тврдат дека споделувањето на располложението на патот не е најдобра идеја, но иконите се дизајнирани на тој начин, што е тешко да се поверува дека некого би можеле да налутат.