OnePlus Nord смартфонот од утре ќе се најде во лимитирана претпродажба, иако се уште немаме потврда за официјалниот датум на објава на уредот. Кинеската компанија објави прв дел од краткиот документарен филм со детали за процесот на креирање на Nord телефонот и некои нови информации.
Извршниот директор на One Plus, Пит Лау потврди дека телефонот ќе биде достапен по цена пониска од 500 долари. Покрај ова, видеото покажува два прототипа на уредот, на на 5:57 минути во клипот е видлив двоен punch-hole отвор за предните камери.
Видеото укажува на тоа дека на 7. јули би можеле да добиеме повеќе информации за претстојниот подостапен смартфон на OnePlus, а според најновите гласини, OnePlus Nord би можел да биде претставен на 10. јули.