Американската Федерална комисија за комуникации (FCC) официјално ги прогласи кинеските компании Huawei и ZTE за „закана по националната безбедност“.
Тоа значи дека компаниите нема да можат да ја користат владината програма за субвенционирање од 8,3 милијарди долари, познат како Универзален сервисен фонд, за купување, одржување или поддршка на која било опрема или услуга од двете кинески фирми.
FCC уште во ноември минатата година ги прогласи Huawei и ZTE за ризик по националната безбедност на САД.
Huawei минатата година беше ставена на американската црна листа.
Американските компании веќе подолг период се натпреваруваат со Huawei во развојот на 5G технологијата. Вашингтон тврди дека Huawei може да ја користи технологијата за шпионирање во корист на Кина.