Леталото ќе полетува и слетува вертикално и ќе има дизајн карактеристичен за авионите.
Се работи за многу интересен проект кој ќе ги зголеми борбените способности на руската воена морнарица. Леталото ќе полетува и слетува вертикално и ќе има дизајн карактеристичен за авионите. Процените се дека овие летала ќе имаат извидувачки, но и ударни способности (ќе имаат вооружување).
Фондот за перспективни истражувања (ФПИ) работи на развој на беспилотно летало кое ќе полетува и слетува од минијатурна површина. Ова летало е специјално дизајнирано за потребите на руската морнарица, поточно како основна платформа ќе користи бродови од различен тип и намена.
„Работиме на воздухопловен комплекс кој ќе има дизајн на авион. Ова летало ќе има можност за вертикално полетување и слетување на палуба на брод. Ова од конструкторска гледна точка е многу интересна задача. Дронот е должен да полета вертикално, ефикасни да ја реши поставената задача, и без оглед на временските услови да се врати на платформата во движење (брод) кој притоа се „лула“ на бранови“, изјави за веб-порталот ТАСС првиот човек на Националниот центар за развој на технологии и базични елементи на роботиката во рамките на ФПИ Олег Мартјанов.
Во рамките на проектот е реализиран првиот експеримент во кој е извршена процена на можностите за групно полетување и слетување на ограничена површина. Во поблиско време овој фонд ја планира следната етапа на тестирања, на која ќе бидат проверени алгоритмите задолжени за автоматско полетување и слетување на бродска палуба, наведува веб-порталот РГ.
Самата композиција на дронот би требало да биде дефинирана во наредните два месеца. Откако ќе се усвои дизајнот, ќе започне етапата на интензивна конструкторска работа над нејзиното комплетирање. Претпоставката е дека леталата од овој тип ќе бидат базирани на различни типови површински бродови, а најмногу на корвети и мразокршачи. Процените се дека овие летала ќе имаат извидувачки, но и ударни способности.
Извор: Russia Beyond
Поврзани артикли