Социјалната дистанца и престојувањето дома се активности кои се од исклучителна важност во спречувањето на ширење на корона вирусот. Во овој контекст, како и продуцирање на забава и натпреварувања за луѓето кои одлучуваат овој период да го поминат во домашни услови, македонската еспорт асоцијација го организира вториот он-лајн турнир оваа година во популарната видео игра “Counter Strike: Global Offensive”. Натпреварувањата започнуваат од 1 јули (Среда) па се до 5 Јули (Недела) со борба помеѓу најдобрите домашни тимови. Преносот на овој турнир ќе оди во живо на најпознатата платформа за стриминг на видео игри Твич – Twitch.tv/mesa_esports.
„Гејминг и еспорт сцената имаат голем потенцијал да го олеснат секојдневието во овие уникатни периоди, покрај изворот на забава, видео игрите имаат и голема социјална моќ и можност да ги зближат луѓето. МЕСА со своите поддржувачи активно ја демонстрира оваа нова реалност и ја унапредува положбата која видео игрите ја имаат во македонското секојдневие. Моќта на гејмингот беше препознаена и од Светската здравствена организација која од почетокот на оваа година во соработка со популарни лица од гејминг сцената создаде интернет кампања под мотото #PlayApartTogether. Како и на глобално ниво, така и кај нас видео игрите и еспортот земаат огромен замав последниве години. Ова е несомнено индустријата на иднината и оваа реалност се докажува со постојано зголемување на гејминг заедница помеѓу луѓе кои делат иста пасија и љубов. Домашната сцена штотуку почнува да добива структура како и континуирани и компетентно организирани настани кои дополнително помогаат во етаблирање и афирмирање на гејмингот како двигател во општеството.“ – изјави Константин Пејоски, Претседател на Македонската еспорт асоцијација.
Гореспоменатите он-лајн турнири ќе се одвиваат од 01.07.2020 (Среда) до 05.07.2020 (Недела) и ќе можат да се гледаат во живо на twitch.tv/mesa_esports. Преносот во живо за време на работната недела, односно од среда до петок ќе започне од 18:00 часот, додека почетокот на стримот за викенд (Сабота и Недела) ќе започне од 11:00 часот. Победниците ќе бидат наградени преку поддршката од спонзорите на настанот: EU House и Делегацијата на Европсјата Унија во Скопје, Нексио, Неотел, Галерија, Pizza Jakomo и GG.MK.
Како и во светски рамки, во последните неколку години гејмингот во Македонија доживува огромен подем. Огромната број на гледачи и љубители кои ги следат овие натпреварувања дополнително додава на афиримирањето на натпреварувањето во видео игри како спорт, а бројот на гледачи до 2021 година е предвидено да се искачи на 250 милиони љубители на ваквиот вид натпреварувања.