Корисниците кои се потпираат на дискови со енкрипција и сакаат да им пристапат на своите iPhone/iPad уреди, наскоро ќе бидат во можност да го направат тоа.
Во претстојното iOS 14 ажурирање, Apple конечно ќе додаде поддршка за енкриптирани дискови, на кои може да им се пристапи преку iPhone или iPad уредите. Процесот на поврзување диск на уредот ќе остане ист како и порано, но сега дисковите со енкрипција ќе се прикажуваат во полето од страна на Files апликацијата.
Се што е потребно да направи корисникот е да притисне на саканиот драјв на екранот на уредот, да ја внесе лозинката која се користи за енкрипција и подготвен е за работа. Потребно е да се истакне дека овие дискови ќе мораат да бидат енкриптирани во APFS формат, што значи дека нема да можат да се користат за дискови со други формати.
Оние кои исклучиво користат Mac уреди, можат да извршат енкрипција на својот диск со помош на Disk Utility апликацијата на macOS, која ќе изврши енкрипција во APFS формат.
Поврзани артикли