Оние кои сакаат да ја користат Facebook платформата во темен режим, наскоро повеќе нема да мораат да се потпираат на компјутерите и декстоп верзијата на платформата. Facebook за SocialMediaToday потврди дека го тестира Dark Mode за своите мобилни апликации.
Функцијата моментно е достапна само за мал број корисници ширум светот. Се очекува дека на многумина нема да им биде достапна уште извесно време, иако Facebook планира масовна објава, кога ќе се извршат сите тестови.
Facebook appears to be rolling out Dark Mode… https://t.co/qSfDa8d51e
— Matt Navarra (@MattNavarra) June 26, 2020
Компанијата веќе го овозможи темниот режим за неколку свои апликации, вклучувајќи го Instagram, Messenger и WhatsApp. Не е познато поради што главната Facebook апликација меѓу последните ќе добие Dark mode, но се истакнува дека компанијата има три милијарди активни корисници на различните платформи на месечно ниво и декако дека Facebook не сака да го објави темниот режим за својата главна апликација, доколку не е се подготвено и потенцијалните проблеми можат да влијаат на споменатата корисничка база.