Модерната „вселенска трка“ е се поприсутна, а Европската унија е свесна дека мора да го држи чекорот со останатите и тоа има намера и да го направи.
ЕУ ги забрзува плановите откако значајно напредуваа компанијата SpaceX и Кина, па има намера да ги лансира своите Galileo навигациски сателити три години порано, односно во 2024. година. Исто така, прв пат че го користи својот буџет за поддршка на повеќекратни ракети и другата технологија за лансирање.
Европската унија, исто така, форсира договор со Adrianespace вреден милијарда евра, за да се поттикнат иновациите, а ќе предложи и Европски вселенски фонд од милијарда евра за натпревари за да се покренат стартапи.
Целта на ЕУ е креирање на широкопојасна мрежа на сателити, како и систем за избегнување на судири на сателитите и другите објекти во орбитата.
ЕУ има причина за брзање, бидеќи сака да биде независна од вселенските системи на другите земји, а тоа е тешко со бавните еднократни ракети и потпирањето на американскиот GPS.
Дали плановите се реалистични, останува да се види, посебни поради актуелните проблеми со пандемијата на коронавирус. Поради тоа, нема гаранции дека вселенските летови ќе имаат доволно голем буџет, кога многу други работи бараат внимание.