За прв пат, Netflix ќе им дозволи на корисниците да ја исчистат Continue Watching листата. На Android, моментно можете да одберете било кој наслов од тој дел кога се пријавувате на Netflix и да го отстраните едноставно.
Засега, ова е возможно само на Android оперативниот систем, а на iOS би требало е овозможено на 29 јуни, пренесува Tech Radar.
Доколку користите Netflix, знаете и сами колку може да нервира “Continue watching” листата. Без обзир на тоа што може да биде и корисна, во случаевите каде што само сте почнале да гледате некоја содржина и сфаќате дека не ви се допаѓа, носи повеќе штета отколку корист.
Многу е едноставно да отстраните филм или серија од оваа листа.
Кога ќе отворите Netflix, покрај секој наслов ќе ви стои и едно мало “и”. Го одбирате тоа, потоа трите точки и опцијата “Remove from row”.