LG претстави два модела од новите LG TONE Free „true wireless“ слушалки, а во прашање се моделите HBS-FN6 и HBS-FN4. Слушалките ги карактеризира технологија на самостојно чистење, како и Meridian Headphone Spatial Processing технологија.
TONE Free TWS слушалките ги разви LG во соработка со компанијата Meridian, која е специјализирана за технологиите на звук. Meridian обезбедува Headphone Spatial Processing (HSP) и Digital Signal Processing (DSP) за слушалките, а DSP технологијата ветува вокали со исклучителна јаснотија.
HBS-FN6 е повеќе премиум модел слушалки и има LG „UVnano“ куќиште за полнење, кое користи ултравиолетово светло. Кога се наполнети во целост, двата модела слушалки нудат шест часа користење, а UVnano куќиштето може да овозможи три полнења до врв за вкупно 18 часа работен век на батеријата.
Двата модела на LG TONE Free TWS слушалките во Европа ќе се најдат од јули, а цената по која ќе се продаваат не е објавена.