Google Pixel 4a требаше да биде објавен во мај, но објавата е одложена за јуни, потоа за јули, а неодамнешниот извештај сугерираше дека смартфонот нема да пристигне пред октомври. Google се уште не објави никакви официјални информации, но телефонот на компанијата, кој најверојатно е Pixel 4a, е сертификуван од FCC агенцијата, што значи дека е чекор поблиску до објава.
FCC го прикажува Google телефонот со три различни модели – G025N, G025M i G025J. Документацијата открива дека Google ќе се одлучи за електронска ознака, со цел задната страна на телефонот да ја задржи чиста. Покрај тоа, FCC сертификатот вклучува целосна листа на безжични опсези, кои ќе ги поддржува телефонот.
Претходно се појавија рендери, кои го откриваат дизајнот на телефонот, а протекоа информации укажуваат на тоа дека Pixel 4a ќе користи Snapdragon 730 чипсет, 6GB RAM, како и две опции за складирање: 64GB и 128GB. Споменатите цени се од 299 и 349 долари.
Google Pixel 4a ќе има 5.81-инчен FullHD+ OLED екран, со punch-hole отвор за 8MP селфи камера. На задната страна ќе има само една камера, од 12.1 MP и сензор за отпечатоци од прсти. Сето ова ќе го напојува 3080mAh батерија, со поддршка за 18W полнење преку USB-C портот.
Поврзани артикли