Apple оваа недела го претстави својот нов оперативен систем Big Sur, но беше потрошено многу време и за другите иновации, кои наесен ќе пристигнат на Apple уредите. Меѓу поважните се подобрувањата на веб-прегледникот Safari. Споменато е побрзо вчитување на интернет страниците и подобрен надзор на приватноста.
Главната функција која најмногу ќе им значи на корисниците додека го користат Safari е користењето на WebExtensions API. Овој потег ветува дека значајно ќе се зголеми бројот и разновидноста на додатоците (екстензии), кои ќе можете да ги инсталирате ако Safari го користите како свој примарен прегледник. Од аголот на програмерите, најзначајната разлика помеѓу новите веб екстензии и блокирањето, делењето и проширувањето на апликациите кои моментно Apple ги поддржува е таа што можат да се програмираат со помош на JavaScript, HTML и CSS јазиците. На програмерите не им треба да ги додаваат Objective-C или Swift, кои се надвор од екосистемот на Apple.
Програмерите едноставно можат да ги применат постоечките екстензии за Chrome, Firefox или Edge и да ги префрлат на Safari со помош на конвертер, кој Apple го создал да го забрза процесот. Како и кај другите Safari додатоци, корисниците ќе можат да ги пронаоѓаат и преземат преку App Store. Ова беше една од причините поради кои корисниците на macOS се префрлија на Chrome и Brave прегледниците. Претстојната промена би можела да ги поттикне корисниците на Mac да останат со веб-прегледникот на Apple.