Претседателот на САД, Доналд Трамп, го активираше Законот за производство во одбраната, соопшти Белата куќа. Трамп го стори тоа со цел да го забрза процесот на реализација на програмата во врска со создавање хиперсонично оружје и вселенски технологии.
Како што се објаснува, овој закон е донесен во 1950 година, за време на корејскиот конфликт, а се однесува на производство на оружје во услови на војна или во вонредни ситуации. Според Трамп, тој закон е економски најефикасен кога станува збор за реализација на вакви проекти.
Претходно Пентагон објави дека Америка заостанува зад Русија и Кина во однос на создавање хиперсонично оружје.
Според руските експерти, Америка заостанува зад Русија и Кина околу пет години.
Поврзани артикли