Патник во авион при слетувањето на авионот направил фотографија која што е фасцинантна, а NASA не пропуштила можност да ја објави и да ја прогласи за фотографија на денот.

Град кој ”под облаците” виси наопаку – звучи како целосна научна фантастика, зарем не?

Но сеедно, Марк Херш успеал да улови таква сцена од патничкиот авион во текот на слетувањето на авионот на аеродромот.

Имено, сонцето кое што го осветлува градот, фрла сенка на самиот град и на езерото Онтарио, но поради појавата на облаците, под нив останала да сјае само ”сликата” од градот кој што се отсликува во езерот, па така создава една неверојатна сцена која што Марк успеал да ја засведочи.

Доколку погледнете малку подобро, ќе го видите разбранетото езеро, а доколку погледнете уште малку подобро, точно над градот и прикриен во облаците се наоѓа уште еден патнички авион.

Секоја чест за фотографијата – го заслужи епитетот за најдобра фотографија во астрономијата.

Извор: Zimo.hr