Twitter редовно објавува ажурирања, а сега на ред е верзијата за јуни, која вклулчува неколку нови функции, но и престанок на поддршката за Internet Explorer 11.
Новите функции вклучуваат поддршка за tweet драфтови, кои можат да се сочуваат за подоцна. Тука е и можноста за брз пристап до панелот за DM (директни пораки). Достапна е и можноста за прилагодување на листата со прилагодена банер фотографија.
Twitter сајтот повеќе официјално не го поддржува Internet Explorer 11, а официјалната поддршка сега ги вклучува Edge, Safari, Chrome, Firefox и сите браузери засновани на Chromium.
Тука се и некои ажурирања на постоечките функции. Сега е можно да се користи средното копче на маусот за брзо отворање линкови во нови табови. Ретвитовите добиваат бројач на сите timeline-ови. Новите профили можат да се додаваат на листи преку табот за сугестии.
Новите ажурирања за Twitter.com на корисниците ќе им пристигнуваат постепено и се очекуваат во претстојниот период.
Поврзани артикли