Кина успешно го лансираше последниот сателит на својот навигациски систем BeiDou-3 и со тоа направи нов чекор напред во создавање имиџ на голема сила во вселената.
Лансирањето на последниот сателит значи дека Кина не е повеќе зависна од GPS (Global Positioning System), кој е во сопственост на американската влада.
Мрежата вредна 10 милијарди долари се состои од 35 сателити и овозможува навигација на глобално ниво.
Лансирањето е објавено во време на тензии помеѓу Пекинг и Вашингтон поради коронавирусот, трговијата и Хонг Конг. Требаше да биде објавено минатата седмица, но е одложено поради технички проблеми откриени во текот на тестовите пред лансирањето.
Третата верзија на BDS (Beidou Navigation Satelite System) нуди алтернатива на рускиот GLONASS и во европските Galileo системи, но и американскиот GPS.
Идните планови ветуваат подостапен и поинтегриран систем, кој ќе биде активен до 2035. година, BDS ќе биде во неговото срце.
Првата верзија на BeiDou системот е повлечена од употреба во 2012. година, пишува BBC.
Кинеската вселенска програма брзо се развива во последните 20 години.
j
Поврзани артикли