Генераторите на експлозии ќе го симулираат ударниот бран, а специјалните пиротехнички генератори светлосниот ефект. Цевката ќе има мегатонска сила. Цевката што денес се користи симулира експлозии на нуклеарни бомби со сила до неколку килотони.
Во Русија ќе се појави цевка за моделирање нуклеарни експлозии со мегатонска сила. На тоа работи 12 централен научноистражувачки институт на Министерството за одбрана на Русија.
Генераторите на цевката ќе симулираат нуклеарна експлозија при испитувањата на воената техника, објави ТАСС.
Началникот на Централниот научноистражувачки институт Владимир Чишко зборуваше за оваа цевка во емисија на телевизискиот канал „Ѕвезда“. Тој тогаш ги откри нејзините карактеристики: генераторите на експлозиите ќе го симулираат ударниот бран, а специјалните пиротехнички генератори светлосниот ефект. Цевката ќе има мегатонска сила. Цевката што денес се користи симулира експлозии на нуклеарни бомби со сила до неколку килотони.
Внатрешниот пречник на новата цевка за моделирање мегатонски нуклеарни експлозии ќе биде 12 метри, а должината 450 метри. Тоа ќе овозможи испитување на тенковите под ударен бран и светлосно зрачење.
Извор: Russia Beyond