Интерниот инкубатор на Google за експериментални апликации и сервиси Area 120 има нов производ.
Станува збор за сервисот Keen, кој би требало да претставува конкуренција на Pinterest со додаток на технологија на Google поврзани за машинско учење.
Во основа, преку Keen корисникот може да уредува и следи содржини околу една тема со помош на комбинација од споменатото машинско учење и човечки уредници.
Идејата за услугата ја добил ко-основачот на инкубаторот Ц. Ј. Адамс кога премногу слободно време го поминувал сурфајќи на својот мобилен телефон во потрага по разни новости и фотографии.
За да го искористи своето слободно време на подобар начин, му дошла идејата да користи сурфањето да го искористи за да научи нешто за одредена тема, после што е роден Keen во соработка со тимот на People and AI Research (PAIR).
Откако ќе се најавите со јузерот на Google, корисникот избира некоја тема како што е правење леб, типографија или нешто сосема друго.
Како во оваа ситуација функционира учењето на мапи, говоеи и примерот кога корисникот бара дресура за куче, системот му сугерира термини како што се курсеви за дресура на кучиња, книги за дресура на кучиња, трикови кои се користат за дресура на кучиња и видео клипови кои се занимаваат со дресура на кучиња.
Препораките стабуваат подобри со зголемувањето на количината на содржина која корисникот ја додава во Keen. Новата услуга во моментов е достапна на интернет и во форма на Android апликација.
Извор: Bug.hr
Поврзани артикли