Последниот конвој со делови од најголемиот авион во светот се движеше кон фабриката за склопување во југозападна Франција доцна во средата, проследен со аплаузи од жителите и производителите, додека Airbus во Европа се подготвува да го произведе последниот суперџамбо А380.
Камионите кои ги носеа трите делови за трупот на воздухопловот се протегаа низ руралното село Левињак на патот кон Тулуз, каде ќе се состави последниот суперџамбо пред да заврши производството на овој модел во 2021 година, само 14 години по неговото влегување во сообраќај.
Соочен со слаба продажба на четири-моторниот воздухопловен џин, поразен од поефикасните помали авиони како „Ербас А350“ и „Боинг 787“, Airbus го најави почетокот на прекинот на производство минатата година.
„Воздухопловот овозможи регионот да живее, заедно со сите села во околината и луѓето што го изградија. Прекрасно е“, вели Кристијан Инард, која проследи речиси 300 конвои како лазат покрај нејзината дневна соба од првиот во 2004 година.
Airbus сè уште има рекордни нарачки за помали авиони, но А380 се приземјува исто како што капиталот од оваа индустрија во Европа се соочува со големи притисоци врз работните места како резултат на кризата со коронавирус.
Компанијата заработи милијарди на својата визија за авиони со 555 седишта. Без А380, тврдеа директорите, Airbus не би можел да го спои конзорциумот на Франција, Германија, Велика Британија и Шпанија во еден европски субјект.
Индустриските проблеми со А380 го принудија Airbus да научи тешки лекции, што ѝпомогна на компанијата да го изгради А350 на време, со неколку удари.
„Ова е авион што ги собра сите четири европски партнери и беше забрзувач на Airbus“, вели шефот на програмите, Филип Мон. „Сите сме убедени дека Airbus не би бил тоа што е денес без А380“.
Поврзани артикли