Sony минатата недела конечно го претстави PlayStation 5, и што и да се претпоставуваше за неговиот дизајн, можеме да се сложиме дека никој не го очекуваше изгледот што беше презентиран. Сега шефот на UX дизајнот на компанијата PlayStation најави дека истото можеме да го очекуваме и кога е во прашање неговиот кориснички интерфејс.
На прегледот кој можевме да го видиме минатата недела, можеше да се забележи побрза демонстрација на почетниот екран на PS5 конзолата. На LinkedIn е објавено дека Sony ќе направи 100% ремонт на корисничкиот интерфејс, но и дека ќе видиме некои нови концепти.
Sony's small PS5 UI teaser there pic.twitter.com/D7m6SrVfCk
— Tom Warren (@tomwarren) June 11, 2020
PlayStation 5 OS е посуптилен и секој пиксел е променет во однос на минатата генерација конзоли. Играчите ќе се соочат со нов визуелен јазик и целосно преобликување на корисничкиот интерфејс. Единствено е сигурно дека не чекаат многу изненадувања, а иако точниот датум се уште не се знае, сигурно е дека PlayStation 5 крие уште многу работи за кои дури ќе се зборува.