Нивото на едно значајно антитело кое се создава во крвта по закрепнувањето од Ковид-19 набрзо опаѓа по два до три месеци, покажуваат резултатите од новото истражување кое што било спроведено во Кина.
Како што тврдат истражувачите од медицинскиот Универзитет во Чунгкинг,воведувањето на т.н. ”имунолошки пасоши” за слободно движење може да биде ризично и исто така треба долготрајна примена на превентивните здравствени мерки како што се физичка дистанца и изолација на високоризичните групи.
Во текот на истражувањето во кое што биле опфатени 37 пациенти со симптоми на Ковид-19, како и исто толку асимптоматски пациенти, покажало дека кај повеќе од 90 отсто од нив во чија крв по закрепнувањето било пронајдено антитело IgG, присуството на антителото значајно опаднало по два до три месеци.
Земајќи ги предвид и асимптоматските пациенти и оние кои што имале симптоми на болеста, присуството на тоа антитело во просек по тој временски период опаднало за 70 отсто.
„Резултатите на ова истражување не значат дека светот ќе се сруши“ – вели научникот.
Извор: Srbija Danas
Поврзани артикли