Многу луѓе „слепо“ споделуваат различни приказни само врз основа на click-bait наслови или интересни фотографии. Таквите корисници обично не знаат за што говори тоа што го споделиле, а со своите акции придонесуваат за ширење на сензации и лажни вести.
Twitter планира да стави крај на ваквото однесување, бидејќи несовесното споделување ја загрозува комуникацијата на интернет. Компанијата веќе почна тест опција за Android што треба да спречи споделување на она што не е прочитано, а тоа е функција што ги прашува корисниците дали сакаат да го отворат текстот што се обидуваат да го споделат.
Sharing an article can spark conversation, so you may want to read it before you Tweet it.
To help promote informed discussion, we're testing a new prompt on Android –– when you Retweet an article that you haven't opened on Twitter, we may ask if you'd like to open it first.
— Twitter Support (@TwitterSupport) June 10, 2020
Не е изненадувачки дека Twitter дојде до ваква функција, бидејќи ја засилува борбата против дезинформациите, најмногу поради претстојните претседателски избори во САД. Други платформи преземаат слични активности за поддршка на критичко размислување и спречуваат ширење на содржина што ги загрозува слободите и придонесува за ширење на лажни, ирелевантни и погрешни информации.
Извор: PC Press.rs
Поврзани артикли