Една видео игра ќе им биде препишувана со рецепт на деца до 12 години кои имаат синдром на дефицит на внимание и хиперактивност (ADHD), одлучила американската Агенција за лекови и храна.
Станува збор за играта наречена EndeavorRX, а по 7 години клинички испитувања во кои учествувале 600 деца, таа добила статус на лек.
Резултатите на овие истражувања покажале дека една третина од децата повеќе немале синдром на дефицит на внимание бидејќи играле EndeavorRX по 25 минути дневно, 5 дена во неделата во рок од еден месец.
#BreakingNews: EndeavorRx for children with #ADHD is officially the first FDA-cleared treatment delivered through a video game https://t.co/glwyciZJzf
— Akili Interactive (@AkiliLabs) June 15, 2020
Од компанијата „Akili Interactiv“, која е креатор на видео играта, истакнуваат дека единствените споредни ефекти од ваквиот вид терапија биле напнатост и главоболка, но тие се многу помалку изразени во споредба со нуспојавите кои ги предизвикуваат традиционалните лекови.
До пред 5 години во САД се зборуваше дека EndeavorRX би можела да претставува револуција во лекувањето на синдромот на дефицит на вниманието, како и во лекување на хиперактивност и Алцхајмерова болест, а во 2017 година се шпекулираше дека видео игрите ќе станат терапија на иднината.
Еден од сличните пример на употреба на видео игрите во медицинска цел е и оној во кој лица кои се здобиле со тешки изгореници, со помош на виртуелна реалност ја ублажуваат болката.
Извор: B92.net
Поврзани артикли