Се очекува дека Honor ќе го претстави Honor 30 Youth Edition на 4 или 5. јули во Кина, а смартфонот би можел да пристигне на меѓународните пазари како Honor 30 Lite. Сега дојавувачот Digital Chat Station ги објави речиси целосните спецификации на уредот.
Според наводите, Honor 30 Lite ќе го користи MediaTek MT6873 чипсетот, кој е попознат како Dimensity 800 SoC, што значи дека ќе има и 5G поддршка.
Телефонот ќе има 6,5-инчен 90Hz дисплеј со 2400 x 1080p резолуција, ќе работи под Android 10 оперативниот систем, со EMUI 10.1 интерфејс. Поддршката за Google сервисите најверојатно нема да биде вклучена.
За фотографии, Honor 30 Lite ќе користи вкупно четири камери: 16MP селфи од предната страна и 48MP главна, 8MP ултраширока и 2MP макро/depth камера на задната страна. Сето ова ќе го напојува 4000mAh батерија со поддршка за 22.5W полнење.