SpaceX не се откажува во своите амбиции и покрај пандемијата која се уште трае, па плановите во врска со освојувањето на вселената и натаму одат напред. Така и Елон Маск неодамна потврди дека се отворени нови работни места за оние кои ќе учествуваат во изградбата на лебдечки станици за слетување на оние летала, кои ќе заминат на пат за Марс и Месечината, но и за хиперсоничните единици кои ќе служат за брзи патувања на планетата Земја.
Заинтересираните и претходно можеа да видат рендери од футуристичките вселенски станици, но плановите сега забрзано се приближуваат до реалноста. Станиците пред се ќе бидат наменети за полетувања и слетувања на Starship леталото – ракета која е дизајнирана да се користи повеќе пати, како за суперсонични летови по матичната планета, така и за истражување на длабоката вселена. Се работи за стари нафтени платформи, кои ќе добијат нова намена, а со копно ќе бидат поврзани благодарение на Hyperloop.
SpaceX is building floating, superheavy-class spaceports for Mars, moon & hypersonic travel around Earth https://t.co/zLJjz43hKw
— Elon Musk (@elonmusk) June 16, 2020
Важно е станиците да се најдат на отворено море, бидејќи на Земјата нема многу локации кои би ги задоволиле условите за безбедно полетување и слетување на вселенските летала. Првите полетувања се очекуваат за две до три години, така што има доволно време лебдечките писти да се доведат до ниво, кое ќе гарантира безбедност.