Веб прегледниците веќе подолго време се борат со проблемот на истекување, односно висока потрошувачка на меморијата. Google и Mozilla вложиле голем труд да ја намалат потрошувачката на меморија на своите бразузери, а со следното Windows 10 ажурирање, Microsoft Edge ќе има значително подобрување на искористеноста на меморијата.
Windows 10 May 2020 ажурирањето се уште не е широко достапно, така што не се познати сите дели. Сега официјален претставник на компанијата во блог објава ги спомена подобрувањата на полето на употреба на меморијата во Edge со следното ажурирање.
„Со Windows 10 May 2020 Update, Microsoft Edge користи подобрувања во употреба на меморијата во Windows, кои се достапни за Win32 апликациите. Раните интерни тестови покажуваат намалување на трошењето на мемориските ресурси за 27 проценти, кога содржината ќе се прегледа преку Microsoft Edge. Индивидуланите перформанси на уредот ќе варират во зависност од конфигурацијата и употребата, но помалата потрошувачка на енергија секако ќе овозможи подобро корисничко искуство“, истакна Ким Дени од Microsoft.