По повод шестиот роденден на хепи-лојалната програма и хепи-картичката, „Нептун Македонија“ овој 18 јуни подготви специјална понуда и супер цени за своите купувачи. Со роденденската акција „Нептун Македонија“ им обезбеди на сите лојални купувачи големи роденденски хепи-попусти, 100 подароци за најсреќните хепи-купувачи и двојно повеќе хепи-поени.
Како благодарност за неизмерната доверба и лојалност во овие 6 години, на сите хепи-домаќинства, „Нептун“ им подготви возбудливо шопинг искуство на купувачите во сите 25 продажни салони во Македонија. Посетете ги продажните салони, купете по супер цени и до 60 рати, добијте двојно повеќе хепи- наградни поени на вашата картичка и бидете потенцијален добитник на некоја од 100 награди!
Погледнете го промотивниот каталог од роденденската акција на https://www.neptun.mk/.
Покрај роденденска хепи-акција, „Нептун“ целиот месец јуни го посвети на купувачите кои се дел од лојалната програма. Токму во овој месец, бројката на издадени хепи-картички т.е купувачи достигна јубилејна бројка од 300.000.
„Ова беше дополнителен повод целиот месец јуни да го посветиме на нашите купувачи. Преку промовирање на дел од нашите хепи-купувачи лансиравме месечна кампања ‘Постоиме за нашите хепи-купувачи’ во која носители се дел од нив, добро познати личности од јавниот живот. Актери, спортисти, водители, блогери, влогери, модели се само дел од лицата кои ги претставија категориските промоции. На денот на роденденот ќе претставиме и уште многу наши лојални купувачи кои тој ден ќе бидат најсреќни и ќе добијат подарок од вкупно 100 подароци кои ги подготвивме.
300.000 издадени картички значи дека исто толку семејства во државава се наши лојални купувачи, ова е јубилеј кој многу нè радува. Нашата компанија е ориентирана кон врвно купувачко искуство, како во нашите продавници ширум државата така и онлајн преку нашата веб-странicа и мобилна апликација. Тоа ни е еден од најважните елементи во работењето. Задоволството и среќата кај нашите купувачи sе примарна цел. Со континуирано инвестирање во нашите продавници, во нашите вработени, во огромниот уникатен избор на производи од најпознатите светски брендови сакаме да ги задржиме нашите постоечки купувачи и секако да придобиеме нови. Да се радуваме на сите убави моменти заедно. Повелете во нашите продавници и уживајте во хепи-шопинг“, изјави Никола Митревски, маркетинг-координатор во „Нептун Македонија“.
„Нептун Македонија“ е дел од „Балфин“, една од најголемите приватни инвестициски групации во регионот и е позната по своите инвестиции во трговски центри, резиденцијални и комерцијални објекти, туристички проекти, како што се Green Coast Resort и Vala Mar Residences, активности во модната и во рударската индустрија, како и во сферата на малопродажбата со „Нептун“, „Џамбо“, SPAR и други.
„Балфин“ лани заедно со Комерцијална банка АД Скопје го комплетираше купувањето на Тирана банк. Под капата на „Балфин“ се голем број претпријатија кои функционираат во различни сфери, а сместени се во седум држави и бројат речиси 6.000 вработени. Покрај во Албанија, каде што е централата и нашата земја, групацијата е присутна со различни типови на проекти, и во: Австрија, Црна Гора, Косово, Босна и Херцеговина и Холандија.
(ПР текст)
Поврзани артикли