Philips 272B1G мониторот пристигнува со 27-инчен Full HD IPS панел, 4ms GtG одзив и стапка на освежување од 75Hz.
Благодарение на IPS технологијата, мониторот нуди широки агли на гледање (178/178 степени хоризонтално и вертикално). Тука е и осветлувањето од 250 нита, контраст од 1000:1, 8-битен панел со поддршка за 98% sRGB спектар на бои и 76% NTSC гамут.
Мониторот е опремен со разлилни технологии кои го подобруваат визуелното исксутво, како што се Adaptive Sync, Flicker-Free и Low Blue mode. Бидејќи се работи за еколошки монитор, 272B1G има Energy Star 8.0 сертификат и A++ оценка за ефикасна потрошувачка, а компатибилен е со RoHS стандардите, што значи дека 100% може да се рециклира. Мониторот не користи олово, жива, ниту PVC/BFR.
Philips 272B1G има PowerSensor, кој детектира кога корисникот не е пред дисплејот и го намалува осветлувањето на дисплејот, а тука е и LightSensor, кој автоматски го подесува осветлувањето во зависност од амбиенталната светлина. Присутна е и новата технологија на LED позадинско осветлување.
Мониторот користи 1x VGA порт, 1x DVI-D порт, 1x DisplayPort 1.2, 1x HDMI 1.4 приклучок, 1x USB-B upstream и 4x USB-A 3.2 порта, како и приклучок за звук, а пристигнува со вградени 2W звучници.
Philipsov 272B1G ергономскиот монитор ќе биде достапен на пазарот од јуни, по цена од 229 евра.