Facebook вчера избриша речиси 900 налози поврзани со ултрадесничарските групи Proud Boys и American Guard, соопшти компанијата.
Во соопштението е наведено дека се избришани преку 500 профили на Facebook и преку 300 на Instagram, откако помал број налози поврзани со овие две групи беа избришани уште пред две недели.
Facebook првпат избриша налози поврзани со двете групи на 30 мај, кога беше забележано дека почнале да објавуваат постови во врска со протестите во САД.
На овие групи Facebook првично им забрани да промовираат омраза, но тие продолжија да објавуваат фотографии со оружје и да ги повикуваат луѓето да присуствуваат на протестите низ Америка кои се раширија од Минеаполис по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд.
Facebook следи како ултрадесничарските групи ја користат оваа социјална мрежа за координација на акции и за регрутирање нови членови.