Големите подрачја на вулкански камен во Сибир, познати како сибирски трапи, чуваат траги на масовно изумирање.
Горењето на јаглен и органски материи во Сибир довело пред 250 милиони години до промена на климата и едно од најголемите изумирања на Земјата.
Првиот непосреден доказ за тоа го откри меѓународна група истражувачи на чело со професорката Линди Елкинс-Тантон од Универзитетот во Аризона. Резултатите од нивното истражување ги објави магазинот Geology.
Масовното пермско-тријаско изумирање било една од најголемите катастрофи на биосферата во историјата на Земјата, која довела до изумирање на 96% од сите морски видови и 73% од копнените видови на ‘рбетниците. Истражувањата покажуваат дека на врвот на изумирањето Земјата преживеала големо глобално затоплување во кое температурата на водата во екваторијалниот дел на океанот била преку 40 степени Целзиусови. Било потребно да поминат милиони години за да се обнови екосистемот и да се постигне биолошка разновидност.
Научниците наведуваат неколку можни причини за пермското изумирање, при што се смета дека е најверојатно објаснувањето за јакнењето на вулканската активност во Сибир. Досега имаше неколку докази за оваа претпоставка.
View this post on InstagramA post shared by Sergey (@sergey_grabchuk) on
Тимот на Еликс-Тантон ги проучувал вулканските руди во реонот на сибирските трапи, кои се излеани на преминот од геолошкиот период перм во тријас пред околу 252 милиони години. За шест години се собрани преку 450 килограми примероци. Тие подоцна се доставени до тим од 30 научници од 8 различни земји.
Во примероците се пронајдени фрагменти на изгорено дрво, дрвен јаглен и други органски материјали. Претходно микроскопски остатоци на дрвен јаглен беа пронајдени на канадскиот Арктик. Се претпоставуваше дека тие стигнале таму со воздушните струи од Сибир.
„Нашето истражување покажува дека магмата на сибирските трапи продирала и зафаќала органски материјал”, вели Елкинс-Тантон. „Тоа директно докажува дека магмата запалила големи количини јаглен и органски материи при ерупција на вулкани“.
Според зборовите на научниците, промените во биосферата при пермско-тријаското изумирање можат да се споредат со она што денес се случува на планетата, вклучувајќи го горењето на јаглеводородите, јагленот, киселите дождови од сулфур и уништувањето на озонската обвивка.