Во текот на годинашниот CES саем, Samsung ја претстави својата нова линија гејминг монитори, која ја сочинуваат Odyssey G9 и OdysseyG7 моделите. Сега јужнокорејската компанија објави дека дисплеите се достапни во претпродажба, по цени од 700 долари за G7 и 1700 долари за G9.
Двата монитора имаат 1440p QLED панел со закривување од 1000R, како и 1ms одзив и 240Hz стапка на освежување. Мониторите поддржуваат Nvidia G-SYNC и Adaptive Sync преку DisplayPort 1.4, што ќе придонесе за пофлуиден гејмплеј.
Odyssey G9 има 49-инчен QHD (5120 x 1440) екран со 32:9 однос на страници и 1000 нита осветлување. Quantum Dot технологија и поддршка за HDR1000. Model G7 е поевтин и пристигнува во две варијанти: од 27 и 32 инча. Резолуцијата на овој монитор е намалена на 2560 x 1440p, осветлувањето е 600 нита, а тука е и HDR600 VA панел.
Кога е во прашање дизајнот, G9 има сјаен финиш и infinity core на задната страна, додека G7 користи мат црно куќиште. Мониторите ќе бидат достапни од 13. јули преку сајтот на Samsung и партнерите во малопродажба.