Веќе неколку години Google Assistant е интегриран во Android TV уредите, а многу понови далечински управувачи имаат копче посветено на оваа функција. Исто така, уредите кои поддржуваат гласовна контрола ја нудат „Hey Google“ опцијата на активирање преку гласот. Судејќи според се, многу уреди, а меѓу нив и Android TV ќе ја добијат интегрирана и Voice Match функцијата
Google најави дека Voice Match функцијата во Assistant ќе биде имплементирана во голем број паметни звучници и дисплеи. Покрај тоа, иако не е официјално објавено, се очекива дека оваа функција ќе биде достапна и на Android теелвизорите. Тимот на 9to5Google го анализираше програмскиот код за Android телевизорите, кој укажува дека оваа функција ќе биде достапна и на нив. Засега не е познато дали измените ќе бидат достапни и на постоечките модели на Android TV уреди, или ќе се имплементираат само на производите кои ќе стигнуваат на пазарот во иднина.
Voice Match функцијата ќе овозможи точно да се препознае, кој корисник задал команда преку глас. На тој начин ќе биде остварена подобра персонализација на контролите. На пример, со повик на Netflix тој автоматски би се логирал на профилот на корисникот, кој ја задал командата. Покрај ова, се шушка дека Google подготвува и Android TV донгл, кој исто така ќе ја има вградено оваа функција.