Оваа година, Apple својата програмерска конференција WWDC за прв пат ќе ја одржи онлајн. Со самото тоа, се очекуваат многу повеќе учесници кои ќе ги следат предавањата и работилниците, па од компанијата најавуваат дека ова ќе биде најголемиот WWDC досега. Конференцијата ќе биде отворена на 22. јуни со традиционалната Keynote презентација на нови производи и услуги, со почеток во 19 часот по наше време. Шпекулациите и гласините за тоа што би можело да биде најавено веќе почнаа.
Се споменува дека на WWDC, Apple ќе го најави преминот на Mac компјутерите на сопствените ARM процесори, би можел да биде претставен 10,8-инчен iPad Air, освежен и малку зголемен iPad Mini (екран 8,5 до 9 инчи), и секако новите верзии на iOS, iPadOS, macOS, watchOS и tvOS. Но, едно од најинтересните освежувања би можел да биде и редизајнираниот all-in-one компјутер iMac.
Рамки околу дисплејот како на iPad Pro
Судејќи според информациите кои кружат меѓу дојавувачите, новиот iMac ќе биде налик на iPad Pro линијата, со потенки рамки и заоблени агли на екранот, односно ќе ја следи новата дизајнерска филозофија најпрвин прикажана на iPad Pro, но која се очекува и на годинашните iPhone модели. Под хаубата, iMac ќе го донесе T2 чипот задолжен за сигурност, графичкиот подсистем AMD Navi, а повеќе нема да биде присутен хибридниот Fusion Drive – него ќе го заменат исклучиво SSD дисковите.
ICYMI: Redesigned iMac inspired by iPad Pro could debut at WWDC 2020 https://t.co/TVslNJjezu by @killianbell pic.twitter.com/VZXIs4LUln
— Cult of Mac (@cultofmac) June 9, 2020
Испораката на новите iMac модели, но и останатиот хардвер кој би можел да биде претставен на WWDC, се очекува во втората половина на годината.
Целиот календар на планирани настани на годинашната WWDC конференција можете да ја побарате ТУКА.
Поврзани артикли