Во 12 часот ќе се одржи третиот вебинар на тема Лажните вести како хибридна закана” во организација на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Факултетот за безбедност – Скопје и Фондацијата „Конрад Аденауер“ од СР Германија во рамки на регионалниот проект „Влијанието на пандемијата врз функционирањето на безбедносниот систем, јавните политики и надворешните односи во услови на вонредна и кризна состојба“.
Говорници ќе бидат: Драган Секуловски Извршен директор на Здружение на новинари на РСМ , проф.д-р Марјан Ѓуровски Проректор на УКЛО и професор на Факултетот забезбедност-Скопје, проф. д-р Татјана Дронзина, од Софиски Универзитет, Република Бугарија, Димитар Стојанов новинар и специјалист за препознавање на лажни вести, Република Бугарија, проф. д-р Драган Ѓукановиќ од Белградски Универзитет, Република Србија и Стефан Јањиќ новинар и уредник на порталот за откривање на лажни вести, Република Србија. Учесници се професори, студенти и експертска јавност.