Доколку се тече според планот, Huawei Mate 40 серијата би требало да биде објавена во октомври. Во меѓувреме, не очекуваат многу нови гласини за телефоните, а за почеток тука се информациите за 108MP главна камера на уредот.
Според наводите на изворот, близок од синџирот на снабдување на Huawei, новата 108MP камера ќе има значајно подобрена оптика, а ќе се користи на Mate 40 и Mate 40 Pro моделите. Во прашање е 9P free-form објектив, кој би требало да биде задолжен за подобрување на острината на сликата, како да ја исправи деградацијата и дисторзијата што се создаваат при производството на објективот.
Исто така, се очекуваат и останати измени и оптимизации, но засега нема премногу детали на ова поле.