Компанијата Google повеќе пати беше критикувана поради издавање на приватни податоци од корисниците, а сега почна и индексирање на броевите од телефонот преку кои сте ги направиле профилите на WhatsApp.
Тоа значи дека доколку една опција е активирана на вашиот профил, сите броеви од вашиот телефон можат ненадејно да се пријават на Google.
Имено, опцијата Click to chat која апликацијата WhatsApp ја воведе за полесно да ги пронајдете контактите, всушност открива дека нашиот број од телефонот е достапен во пребарувањата на Google.
Оваа опција со помош на линк може да воспостави WhatsApp размена на пораки со било кој, а доколку вие комуницирате со некоја таква личност тогаш сте во еднаква опасност и вашиот број од телефонот ќе им стане достапен на сите на Google.
Бидејќи моментално не постои закон или пак одредба со која што Google не смее да ги купува информациите од метаподатоците, вашиот телефонски број исто така дополнително може да се најде на Google пребарувачот.
Поврзани артикли