Sony вчера го претстави својот нов PlayStation 5 и ексклузивните игри кои можеме да ги играме на него.

Конзолата ја задржа издолжената форма „четворката“, но е помодерно обликувана со заоблени линии и доаѓа во комбинација на сина и бела боја, наместо досегашната црна.

PlayStation 5 доаѓа во две верзии – првата има оптички уред, додека другата во целост ќе биде дигитална. Иако цените на уредите не беа соопштени на презентацијата, многу е веројатно дека верзијата без оптички читач ќе биде поевтина, со тоа што сè уште не е познато и колку.

Покрај новата конзола и новите DualSense контролери, се прикажани и новите додатоци како што се полначите за џојстици, безжичните слушалки PULSE 3D, далечинскиот управувач Media Remote  и HD камера.

Кога се во прашање техничките карактеристики, повторено е она што воглавно од претходно беше познато. PlayStation 5 ќе поседува исклучително брз SSD диск кој на играчите им гарантира речиси моментално вчитување на игрите, опремен е со “Ray Tracing” технологија, има поддршка за 4K Blu-ray и 3D звук.

Контролерите имаат т.н. Haptic Feedback, подесувачки бочни и задни тастери и нова базна станица за полнење на батерии. Sony PlayStation 5 се очекува да се појави на пазарот до крајот на оваа година.

Во текот на едночасовната презентација, Sony најави повеќе од 20 наслови од кои барем една третина се екслузиви. Ова се најавените наслови (болдираните се означени како ексклузивни наслови):

Spider-Man: Miles Morales

• Gran Turismo

• Ratchet and Clank: Rift Apart

• Project Athia

• Stray

• Returnal

• Sackboy A Big Adventure

• Destruction All Stars

• Kena

• Goodbye Volcano High

• Oddworld Soulstorm

• Ghostwire: Tokyo

• The Far Shore

• Godfall

• Horizon: Forbidden West

• Solar Ash

• Hitman 3

• Astro’s Playroom

• Little Devil Inside

• NBA 2K21

• BugSnax

• Demon’s Souls (Remaster)

• Resident Evil VIII: Village

• Pragmata