Во последните неколку месеци се појавуваат информации за Samsung Galaxy Tab S7 таблетот, а сега дојавувачот OnLeaks објави CAD рендери од уредот во соработка со блогот Pigtou.
Galaxy Tab S7 не изгледа многу поинаку од својот претходник, а гласините сугерираат дека ќе биде достапен во големини од 11 и 12,4 инчи. Од десната страна на екранот се наоѓа селфи камера, додека на задната страна е сместен систем со две камери и блиц сензор (кој би можел да биде заменет со трета камера).
Таблетот, како и Tab S6 моделот, ќе има поддршка за S-Pen паметното пенкало. Фотографиите прикажуваат и слот за microSD/SIM картички, копчиња за звук и вклучување од десната страна на рамката. Во копчето за вклучување би можел да биде имплементиран и сензор за отпечатоци од прсти. USB-C портот е сместен во дното на уредот, а не постои 3,5 милиметарски влез за слушалки.
Се очекува дека 11-инчниот Galaxy Tab S7 ќе има 7760mAh батерија, додека поголемиот модел би требало да има капацитет на батеријата од 9800mAh. Двата таблет уреда ќе ги Snapdragon 865 чипсет, со поддршка за 5G мрежи.
Официјални информации од Samsung за Galaxy Tab S7 моделот засега нема, но се верува дека таблетот би можел да биде претставен во јули или август.