Неверојатни снимки од дрон прикажуваат повеќе од 64.000 морски желки, кои одат да положат јајца на Големиот Корален Гребен.
Неверојатните сцени се снимени кај островот Рајн и тоа е најголемата светска колонија на морски желка досега снимена. Снимката е направена како дел од проектот за обнова на островот Рајн, кој има цел да го обнови и зачува најголемото подрачје во светот за гнездење зелени желки.
„Ова важно истражување ги комбинира науката и технологијата за поефикасно броење на загрозените зелени желки. Рајн е најголемото место во светот за гнездење на зелените желки и затоа работиме со нашите партнери на проект за обнова на островот за да го заштитиме и обновиме. Ние преземаме акции за подобрување и обновување на островските плажи, каде што се гнездат желките. Сите ние работиме на зајакнување на отпорноста на островот и да обезбедиме опстанок на нашите северни зелени желки и многу други видови“, објасни директорката на фондацијата Great Barrier Reef, Ана Марсден.
Истражувачите откриле на официјалната веб-страница на фондацијата дека дроновите многу ја олесниле нивната работа и дека сега може многу попрецизно да ги пребројуваат единките.