HTC на 16. јуни ќе го претстави Desire 20 Pro телефонот од средниот сегмент, а благодарение на дојавувачот Evan Blass (@evleaks) сега имаме фотографија кога го прикажува претстојниот смартфон.
Како на скиците, кои се појавија претходно, и новата фотографија прикажува систем со четири камери и сензор за отпечатоци од прсти на задната страна. Предната страна не е видлива најјасно, но се очекува 6,5-инчен LCD екран со FHD+ резолуција, а ќе има и punch-hole отвор во горниот лев агол.
Благодарение на претходниот Geekbench листинг знаеме дека HTC Desire 20 Pro ќе се појави со Snapdragon 660 или 665 чипсет, во комбинација со 6GB RAM. Исто така, ова ќе биде првиот телефон на HTC, кој од старт ќе пристигне со Android 10 софтвер.
Поврзани артикли