Xiaomi го претстави стандардниот модел во рамките на својата „9 серија“ телефони – Xiaomi Redmi 9. Смартфонот го карајтеризира систем со четири камери, солиден чипсет и многу интересна цена.
Redmi 9 пристигнува со 6,53-инчен LCD екран во Full HD+ резолуција. Предната страна има Gorilla Glass 3 заштита, а кинеската компанија тврди дека телефонот има 89,83% screen-to-body однос.
Уредот го покренува Helio G80 чипсет, во комбинација со 3GB/4GB RAM и 32GB/64GB простор за складирање. Тука е и поддршката за две nano-SIM картички, покрај едниот microSD слот за до 512GB дополнителен простор за складирање.
Системот со четири камери на задната страна го сочинуваат: 13MP f/2.2 главен сензор, 8MP f/2.2 ултраширок сензор, 5MP f/2.4 макро сензор и 2MP сензор за длабочина. Од предната страна се наоѓа 8MP f/2.0 селфи камера со фиксен фокус.
Уредот го напојува 5020mAh батерија, со поддршка за 18W брзо полнење (во пакувањето пристигнува 10W полнач). Тука е и поддршката за Bluetooth 5.0, FM radio, Wi-Fi 802.11 b/g/n @2.4GHz, USB-C порт и 3.5mm приклучок.