Huawei секоја година претставува две линии премиум телефони – P серијата во првата половина од годината и Mate серијата во втората половина. Првиот дел од годината е на истек и почнуваат да се појавуваат информации за Mate 40 серијата телефони.
Huawei во септември минатата година го објави Kirin 990 5G чипсетот, заедно со Mate 30 телефоните. Се очекува дека оваа година ќе го видиме премиум чипсетот Kirin 1000 заедно со Mate 40 серијата. Гласините сугерираат дека Кirin 1000 ќе биде заснован на 5 нанометарски производен процес, а ќе биде креиран од TSMC.
Се очекува дека Huawei Mate 40 би можел да биде објавен во октомври, а според наводите на дојавувачите, кинеската компанија очекува испорака од околу осум милиони Mate 40 телефони во последното тримесечје од оваа година.