Минатиот месец беше претставен LG Velvet 5G смартфонот, кој го карактеризира Qualcomm Snapdragon 765 чипсет. Сега гласините сугерираат дека LG планира објава и на 4G варијантата на својот нов телефон.
До овие нови информации стигна сајтот Toranji, кој истакнува и дека LG Velvet 4G ќе го покренува Snapdragon 845 чипсет. Уредот наводно ќе им биде наменет на пазарите од Средниот Исток, а претстојниот 4G телефон би требало да има за 20 поценти пониска цена од 5G верзијата.
Неодамна LG телефонот, со број на модел LM-G910 се појави на Geekbench, а открива Snapdragon 845 чипсет, 6GB RAM и 128GB UFS 2.1 простор за складирање. Тука е и поддршката за Android 10.