Кај луѓето кои што во подоцнежната доба од животот размислуваат само на негативен начин може да дојде до намалување на когнитивните способности и поголемо таложење на два штетни протеина, кои што доведуваат до појавување на Алцхајмерова болест, покажуваат резултатите од најновото истражување кое што го спровеле британските научници.
Според нивната теза, навиките кои што се како негативно размислување за минатото и загриженост за иднината можат да претставуваат уште еден ризик фактор за заболување од деменција, наведуваат од CNN.
Во истото истражување, било утврдено дека депресивните и анксиозни луѓе се подложни на поизразено опаѓање на когнитивните способности во однос на луѓето кои што не го прават тоа.
Меѓутоа, измереното ниво на протеини со име тау и амилоид, кои што се одговорни за појавување на Алцхајмерова болест, не биле зголемени кај луѓето кои што веќе пателе од депресија и анксиозност што доведува до претпоставка дека токму честите негативни мисли се главната причина поради која депресијата и анксиозноста допринесуваат до заболување од Алцхајмерова болест, но истражувачите тврдат дека за конкретни заклучоци потребни се понатамошни истражувања.
Извор: Srbija Danas